Македонија

Партијата на Грците во Србија контра ,,Мајка Македонија” во ,,Српска Атина”

Грци во судир со Србија за Мајка Македонија

Граѓанската партија на грците во Србија ги повика властите во Нови Сад да ја отфрлат иницијативата на Националниот совет на Македонското национално малцинство за поставување споменик на „Мајка Македонија“.

На 3 август, Националниот совет на Македонското национално малцинство до Собранието на Нови Сад ја поднесе иницијативата за поставување споменик на „Мајка Македонија“ по повод 80-годишнината од населувањето на Македонците во Војводина.

Советот за култура и информации на Собранието на Нови Сад одлучи да побара дополнителни мислења од Јавното претпријатие „Урбанизам“ и Заводот за заштита на спомениците на културата на Нови Сад.

Граѓанската партија на Грците во Србија смета дека поставувањето на споменикот би претставувало „длабоко непочитување кон грчкиот народ и држава“ и дека самото име на споменикот е контроверзно бидејќи името Македонија се однесува на автономен регион и составен дел од територијата на Грција, додека Северна Македонија е суверена држава.

Оваа малцинска партија, исто така, смета дека иницијативата за поставување споменик со името „Мајка Македонија“ во градот што го носи епитетот „српска Атина“ е „директна провокација против Грција и грчкиот народ“.

„Неприфатливо е историскиот и географскиот ревизионизам да се спроведува преку јавни споменици во Србија што се однесуваат на Скопје (Северна Македонија), присвојувајќи име што му припаѓа исклучиво на хеленското историско наследство“, смета партијата.

Грчката партија на Србија тврди дека „статусот на Македонија во Грција е правно и историски идентичен со статусот на Автономната покраина Косово и Метохија во Србија“.

Српските Грци велат дека Грција е една од ретките членки на Европската Унија и НАТО што го поддржува зачувувањето на територијалниот интегритет на Србија во Косово и Метохија, одбивајќи да ја признае самопрогласената независност.

„Од друга страна, поранешната југословенска република, сега Северна Македонија, беше меѓу првите што го признаа овој сецесионистички и нелегален чин, директно кршејќи го суверенитетот на Србија“, се вели во соопштението на Граѓанската партија на Грците на Србија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Муцунски: Идејата за уставни измени стана политички токсична, се направија премногу отстапки! – Македонците не веруваат дека Бугарија нема да има нови барања!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски порача дека Македонија заслужува предвидлив и доверлив пат кон полноправното членство во Европската Унија, оценувајќи дека граѓаните се уморни од постојаното „поместување на стативите на голот“. Оваа изјава тој ја даде за денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“. Притоа Муцунски истакна дека „идејата за уставни измени станала политички токсична“, поради, како што истакна, „премногуте направени отстапки“, а од друга страна и сомнежот дека Бугарија ќе поставува нови барања во иднина.

To top