Македонија

Мицкоски: Состојбата со пожарите ја држиме под контрола

Постои сомнеж дека најголем дел се подметнати

Секој ден имаме над 30 пожари, вчера беа повеќе од 50. Најголем дел од нив постојат основани сомневања дека се подметнати или се имаат случено од негрижа, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

-До сега можам да кажам дека во месец јули ја држиме работата целосно под контрола. Во функција се сите оперативни летала кои ги има Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата и полицијата. Во функција се специјалните возила кои ги подготвивме бидејќи знаевме што не очекува ова лето. Го активиравме и европскиот механизам, но имајте предвид дека ваков тип на огнена стихија има насекаде во Европа, зборувам во Медитеранскиот дел. Во Грција има жртви, огромни пожари, цели населби се зафатени. Во Турција исто така има жртви и повредени, цели населби и градови, Албанија, Босна, Косово, Хрватска. Србија до пред некој ден знам дека имаше 240 на ден. Шпанија, Италија, Кипар… Така што во овој момент нема слободни воздухоплови од тој ЕУ механизам кои што би помогнале, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека повеќе од 200 припадници на Армијата се на терен, а полицајците ги возат специјалните возила.

-Се организираме, работата е под контрола. Ќе се случува ова цело лето, ќе има и во август месец. Во овој момент немаме огнена стихија која е надвор од контрола, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Трибината „Перименопауза и менопауза без митови – што се случува и како да си помогнеме“

Иницијатива на ЗПГА за информирање за најновите сознанија за перименопаузата и менопаузата, хормоналните промени и нивното влијание врз физичкото и менталното здравје кај жените

АЛТА Банка со донација за детски духовно – образовен камп во Охрид

Во АЛТА банка веруваме дека грижата за децата и младите е вложување во иднината на целата заедница. Затоа продолжуваме да поддржуваме иницијативи кои поттикнуваат заедништво, солидарност, човечност и создаваат можности за подобар и посигурен развој на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Ѓорге Иванов: Дијалогот е единствен пат кон мир и стабилност

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

To top