Македонија

Филипче е кај менторот Заев во Грција на одмор и оттаму преку пајташите во Македонија шират хистерија и страв кај граѓаните околу водата за пиење!

„Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со мотор отишол на гости кај неговиот ментор Зоран Заев на одмор, а во Скопје преку активистите шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните.“ – објави преку фејсбук портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Натаму гласноговорникот на владејачката македонска партија истакнува: Дознаваме од свиркачи дека на 6 август 2926 година во 16 часот и 40 минути Филипче е виден со својот мотор на граничниот премин Богородица. Потоа се упатил кај неговиот ментор Заев во Паљури на 6 дена одмор. Не му требаше многу на предавникот Филипче за да отиде кај неговиот другар по криминал и предавства, Заев, за заедно да уживаат на скапата јахта и од морската шир во Грција да делат насоки за дејствување на неговите пајташи.

Додека Филипче тера ќефови, ужива по скапите јахти со Заев на Егејот, во Македонија го остави најдолниот слој од талогот на СДС со јасни насоки да шири хистерија, паника и страв кај граѓаните и тоа за водата за пиење. Толку од “грижата” на Филипче за граѓаните. Кога Заев ќе го повика, за него целиот свет застанува.

Водата во Скопје е безбедна, а оние кои намерно ширеа дезинформации и паника меѓу населението, очекуваме од МВР и ЈО да бидат повикани, нагласува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски преку општествената мрежа.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top