Македонија

Кој организирано шири паника како кога беше ,,Диво насеље”, прашува заменик спикерот

Потсетува дека и предходно ,,хиени” кревале паника за политички цели

Потпретседателот на македонското собрание Антонио Милошоски забележува дека мотивирана група, сокриена позади анонимни профили, цел ден со усогласен настап по социјалнире мрежи ги плаши граѓаните по однос на исправноста на водата за пиење во Скопје.

 

,,Класичен пример на организирано ширење паника, дезинформации со цел да се предизвика страв и вознемиреност кај населението, и девалвирање на довербата во институциите”, пишува заменик спикерот на парламентот кој објавува написи со кои се крева паника.

 

 

Милошоски потсетува дека и во времето на убиството на 8 македонски специјалци во кумановско Диво Насеље на сличен начин се ширела паника а ситуацијата ја искористил таканаречен доајен на македонското новинарство кој лажел за девалвација на денарот.

,,Нешто слично се случуваше за време на “Диво Насеље”, кога еден т.н. доајен на новинарството ја пласираше дезинформацијата дека следува девалвација на денарот, која создаде несигурност, страв и политичка штета, иако никогаш не се случи”, потсетува Милошоски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top