Хроника

Груби останува во куќен притвор до 13 септември – судењето почнува на 24 август

„Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен до 13 септември 2026 година, откако беше поднесено обвинение за случајот ‘Лотарија’.“ – информираат од Кривичниот суд. 

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против сите нов, вкупно 8 лица како соизвршители во кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно со Кривичниот законик.

„Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејства, со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да ѝ нанесат штета на Државна лотарија на Република Македонија во вредност од 507, 6 милиони денари (околу 8,2 милиони евра во денарска противвредност. Тие биле свесни дека Државна лотарија немала право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава.“ – информираа од Обвинителството.

Од обвинителството бараат притвор и за поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, кој е во бегство.

Најнови вести од: Хроника

Полициска акција на Македонија, Косово и Грција: разбиена криминална група, запленети 300 килограми марихуана

Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана.

Сиљановска-Давкова помилувала жена убиец која над 30 години била жртва на систематско насилство од сопругот

Претседателката смета дека помилувањето на 71-годишната Шефије Јакупи е соодветно затоа што со децении била тероризирана сопруга и заслужува старост на слобода

To top