Македонија

Алити од АА на Фетаи: Преоѓајќи во сојуз со ДУИ, Таравари му седна во скутот на Ахмети и ја претвора политичката проституција во прифатлива норма!

Жесток напад од крилото на АА на Арбен Фетаи кон Арбен Таравари: „ладнокрвно како политичка проститутка му седна на Али Ахмети во скутот, за да преживее и заради политички профит“!

„Стандардот што Арбен Таравари се обидува да им го наметне на Албанците во политичкиот живот е модел опасен и деструктивен. Таравари ја претвора политичката проституција во прифатлива норма, дури и во официјалната политика!“ – напиша во својата објава на фејсбук Лулзим Алити, координаторот за дијаспоратa за Франција во крилото на АА на Арбен Фетаи, реагирајќи жестоко против Арбен Таравари и неговата одлука да стапи во „опозициски брак“ со Али Ахмети и ДУИ.

На општествената мрежа Лулзим Алити натаму истакнува: „Овој пристап го саботира секој обид за морална реформа на албанската политичка сцена и испраќа опасна порака до младите луѓе и пошироката јавност: дека политиката повеќе нема поврзаност со принципите, туку оти станала пазар на лични калкулации, заради преживување и профит. Мора да постојат идеолошки и морални граници, што не смеат да се преминат. Во спротивно, целата албанска политичка сцена ќе се деградира во пазар без вредности.“

„Не можеш вчера да ја нарекуваш ДУИ ‘политички мртва’, да ја обвинуваш за корупција и непотизам, да упатуваш најтешки обвинувања кон Али Ахмети, а денес, заради некоја ладнокрвна лична калкулација да завршиш во неговиот скут како да не се случило ништо!  Она што го нуди Арбен Таравари денес не е визија ниту за Албанците, ниту за Македонците, или за која било друга заедница во оваа држава!“

„Тоа е пат без враќање, што води кон колективно разочарување, кој води повторно кон минатото, но овој пат со нова шминка и со лажни насмевки. А граѓаните нема да го прифатат ова.“ – предупреди Лулзим Алити од крилото на Алијансата на Албанците на вицепремиерот Арбен Фетаи.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Дијалогот е единствен пат кон мир и стабилност

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

To top