Македонија

Претседателот на Младинскиот олимписки комитет потврди дека не и испратил покана на градоначалничката

Даниел Димевски, претседател на Младинскиот олимписки комитет во гостувањето на поткастот кај Стефан Лазаров рече дека тој одлучил градоначалничката на Скопје да не биде поканета на отварањето на Младинските олимписки игри. На прашањето на Лазаров, дали навистина не добила покана и била исклучена, тој рече дека нејзината изјава е претенциозна. „Изјавата е доста претенциозна, дека […]

Даниел Димевски, претседател на Младинскиот олимписки комитет во гостувањето на поткастот кај Стефан Лазаров рече дека тој одлучил градоначалничката на Скопје да не биде поканета на отварањето на Младинските олимписки игри.

На прашањето на Лазаров, дали навистина не добила покана и била исклучена, тој рече дека нејзината изјава е претенциозна.

„Изјавата е доста претенциозна, дека градоначалничката ја донела олимпијадата во најмала рака е несериозно, бидејќи градоначалничката беше поканета да биде гостин  на Олимпискиот комитет и како град во кој што ќе се случува настанот да се појави во формата на коорганизатор, бидејќи тоа е формата која што секогаш се случува каде имаме домаќин, се појавува и градот како коорганизатор“, рече тој.

На прашањето дали ја поканиле Арсовска за церемонијата на отварањето, Димевски вели дека не ја поканил.

Јас лично одлучив да не биде поканета, бидејќи за да бидете поканети, треба да ја заслужите поканата. Да ја заслужите поканата, треба да ги извршите обврските кои што од вас се очекуваат. Мислам дека со поведението се самоисклучи, а чинот на недобивање покана беше лично мој“, вели Димевски.

Најнови вести од: Македонија

Двојазичност во правосудниот систем не е предвидена, Албанците беа излажани, вели Мицкоски

Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме, вели премиерот

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

To top