При извршената проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека И.М. била евидентирана како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“: на автопатот А-1, Демир Капија- Гевгелија, управувала со возилото со брзина од 168 километри на час на место, каде што најголемата дозволена брзина е 80 километри на час. И.М. е уапсена и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против неа.

Денеска, на 27 август 2026 година утрината во 5 часот на истиот граничен премин, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „ауди“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А.(32) од Холандија. При извршената проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека А.А. бил евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“: на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 177 километри на час на место, каде што најголемата дозволена брзина е 80 километри на час. А.А. е уапсен и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против него.