Македонија

Денес делегација на ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово положи свежо цвеќе во чест и помен на Цоки Стојаноски

Чествување по повод 24-годишнината од загинувањето на Цоки Стојаноски, учесник во воениот конфликт, убиен на 31 јули 2001 година во Тетовско

„Делегација на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово денес положи свежо цвеќе во чест и помен за Цоки Стојаноски, македонски херој, полицаец на СВР Тетово и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.“ – објави на својот фејсбук-профил Александар Велјановски, пратеник во Собрането на Република Македонија и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Инаку, Стојаноски бил смртно застрелан на денешен ден, на 31 јули 2001 година, додека се наоѓал на полициска должност во близината на Тетово.

Во објавата на општествената мрежа Велјановски дополнува: Цоки Стојановски загинува во кукавичка заседа кога врз службеното возило, во кое се наоѓал тој, терористите отвориле оган од пушкомитралези и минофрлачи.

Цоки го даде својот живот во одбрана на Република Македонија. Нека му е вечна слава на херојот! – напиша Велјановски на фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Двојазичност во правосудниот систем не е предвидена, Албанците беа излажани, вели Мицкоски

Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме, вели премиерот

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

To top