Македонија

Салиу: Сѐ додека не бидам осуден, не сум виновен

Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка. Постои општа презумција на невиност

Сѐ додека не бидам осуден, не сум виновен. Да оставиме судовите да ја водат постапката и да донесат одлука. Ова денеска го изјави министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, одговарајќи на новинарско прашање дали од морални причини ќе поднесе оставка и дали чувствува вина за случајот со пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, а во кој тој е опфатен во обвинението.

„Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка. Постои општа презумција на невиност. Сѐ додека не бидам осуден, не сум виновен. Да оставиме судовите да ја водат постапката“, им рече Салиу на новинарите пред почетокот на настанот по повод одбележувањето на Меморијалниот ден на Ромскиот холокауст – 2 август.

Салиу не одговори на прашањето дали размислува да поднесе оставка од морални причини.

Според него, некоректно е новинари да сликаат таблички на неговото службено возило додека одел да се пријави во Основниот кривичен суд.

„Не бев на одмор, не бев никаде, напротив, во рамките на моите должности го извршив и тоа, се пријавив“, кажа тој.

На дополнително прашање зошто отишол во судот со службено возило, рече дека од 8 до 17 часот е на работа, не бил никаде надвор од државата, туку бил во судот.

Во јуни, Салиу рече дека не чувствува вина за случајот во кочанската дискотека.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top