Македонија

Последниот поздрав од Наум за човекот Јово

Искрен, брутален, духовит, понекогаш и саркастичен, полн со идеи и изградени поткрепени ставови со искуство и наука. Во фрак или шал, на катедра или на шанк, човек чиешто познанство остава длабок белег

Скопско лето, некаде пред полноќ, пишувам порака “Да не спиеш?” Веднаш ѕвони. “Не бе какво спиење, читам, чоек нема; кај си ти, ај на пиво?”
“Да дојдам да те зеам?” го прашувам. “Не бе па ти, ај Дебар маало, за 10 минути сум во …”
И окапување до рани зори.

Таков човек беше Јован Донев, Јово, амбасадорот, професорот, импулсивен, непосреден, отворен, посакуван во друштво. Без ракавици против кичот и шундот, и во политиката, и во образованието, и во животот.

Разликата во годините не претставуваат проблем за Луѓе како Јово. Искрен, брутален, духовит, понекогаш и саркастичен, полн со идеи и изградени поткрепени ставови со искуство и наука. Во фрак или шал, на катедра или на шанк, човек чиешто познанство остава длабок белег.

Сме истерале муабети до сто и една, јавни – на дебати по телевизии и весници, приватни- уште толку и повеќе. Никогаш крајот не им се гледал, секогаш имаше уште муабет- два.

На крају крајева, на сите ни остави нешто многу ретко и скапоцено во овие модерни времиња, ни остави “сабрана дела” што почнуваат со “Шо би рекол Јово… ” до сто и една.

Ама сега нема- и назад.

Светол ти пат, Човеку Јово.

(Фото- принтскрин од една од многуте наши жестоки дебати за, со еден збор, достоинството на Македонија)

Последната порака на Наум Стоилковски до починатиот Јован Донев

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top