Македонија

10 кандидати ќе учат за пилоти, агенцијата за цивилно воздухопловство најави повик и за напредни обуки

Десет поединци ќе добијат сертификати од областа на воздухопловните активности преку обука делумно финансирана од владата преку Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Заверенията на десеттемина идни пилоти денеска им ги предадоа заменик премиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, како и директорот на АЦВ, Драги Стојаноски. АЦВ на 1 јули објави јавен конкурс за кофинансирање […]

Десет поединци ќе добијат сертификати од областа на воздухопловните активности преку обука делумно финансирана од владата преку Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).

Заверенията на десеттемина идни пилоти денеска им ги предадоа заменик премиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, како и директорот на АЦВ, Драги Стојаноски.

АЦВ на 1 јули објави јавен конкурс за кофинансирање до 50 проценти од обуките за 27 лица, по што следеше тестирање на пријавените.

Уверенија за кандидат за приватен пилот на авион PPL-A SEP land добија седум лица, за пилот на ултралесни летала (ULPL) две лица, а за пилот на едрилица по програма со аерозапрега (SPL) едно лице.

Министерот Николоски и директорот Стојаноски рекоа дека обуките имаат за цел да ја подобрат ситуацијата со сериозен дефицит на воздухопловен персонал.

Станува збор за основни курсеви, а АЦВ најавува конкурс и за понатамошна обука со што, како што изјави Николоски, би се создал воздухопловен кадар кој ќе се вклучи и во државните ресурси и во приватниот сектор.

“Продолжуваме со поддршката, процесот е отворен и транспарентен, се надевам дека на идниот повик ќе има уште поголем интерес,” изјави Николоски.

Еден дел од курсевите се основа за понатамошен професионален развој и градење на професионална кариера на пилот, а други се од областа на воздухопловно-спортските активности, како поттик за досегашните високи резултати постигнати од индивидуалци, тимови и репрезентацијата на европски и светски натпревари.

Целта на проектот, како што посочуваат, е да ги стимулира и обнови активностите во аероклубовите и спортските аеродроми кои, поради финансиски тешкотии и нерешени имотно-правни прашања, полека згаснуваат без помош од државата, а во минатото биле темел за создавање на кадри кои подоцна ги користеле и Министерството за одбрана, воздухопловните единици на МВР, СОЗР, ДЗС – пилоти на АТ 802А Fire Boss, како и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Најнови вести од: Македонија

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top