Македонија

Николоски: Македонија прва во регионот целосно ќе се покрие со полначи за електрични возила

Тука сме пионери. Заедно со Европската банка за обнова и развој моментално избираме консулатант кој што треба да направи студија

Македонија ќе биде првата држава во регионот каде насекаде ќе има достапни полначи за електрични возила, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во интервјуто на ТВ Њузмакс Балкан.

„Тука сме пионери. Заедно со Европската банка за обнова и развој моментално избираме консулатант кој што треба да направи студија. После таа студија да се имплементира. Мојата идеја е некаде на почетокот на вториот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе Македонија да е Е-мобилна. Односно да има можност за електрични возила буквално на секој агол во државата. Тоа е со цел граѓаните повеќе да не се грижат каде и колку е оддалечена следната станица за полнење. Туку на едно пристојно растојание не повеќе од 10 км да има полнач” – истакна вицепремиерот Николоски.

Во контекст на намалување на аерозагадувањето, вицепремиерот зборуваше и за планот на Владата за набавка на 120 електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град, а останатите 40 за општините во државата. Тој појасни дека првичниот тендер е поништен зашто што пријавениот понудувач не ги исполнувал поставените услови во јавниот повик.

„Сега работиме во рамки на министерството, идентификуваме како може да се зголеми конкуренцијата, а од стандардите нема да отстапиме, затоа што многу е лесно да купите дизел автобуси или автобуси кои што загадуваат, нашата цел е да купиме еколошки електрични автобуси кои што ќе ги исполнуваат сите стандарди, и затоа за брзо време ќе излеземе со планови во таа насока” додаде вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Филипче: Вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава

Лидерот на СДСМ, денеска од Крушево, на одбележувањето на 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, го честита празникот. „Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме и двата Илиндени, […]

Мицкоски: Илинден е вистината за Македонија која живее

Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее, напиша премиерот Христијан Мицкоски во својата честитка. -Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои […]

To top