Македонија Бизнис

На Табановце влегле над 133 илјади граѓани, на Богородица излегле скоро 38.000 патници

Според податоците од Министерството за внатрешни работи на граничниот премин „Табановце“, од 1 август до 10 часот утрово вкупно влегле 133,165 луѓе, додека во истиот период излегле 73,640 лица. На граничниот премин „Табановце“ од 1 август 2025 од 10 часот до денеска, до 10 часот влез во државата оствариле 52,399 македонски државјани, а излез оствариле […]

Според податоците од Министерството за внатрешни работи на граничниот премин „Табановце“, од 1 август до 10 часот утрово вкупно влегле 133,165 луѓе, додека во истиот период излегле 73,640 лица.

На граничниот премин „Табановце“ од 1 август 2025 од 10 часот до денеска, до 10 часот влез во државата оствариле 52,399 македонски државјани, а излез оствариле 27,690 македонски државјани.

Во однос на странските државјани, во истиот период влез во нашата земја забележале 80,766, а ја напуштиле 45,950, известуваат од Министерството за внатрешни работи пренесува МИА.

Оттаму наведуваат дека се мобилизирани сите човечки и технички ресурси со цел да се забрза движењето на патници, преку спроведување на неопходните гранични контроли.

Зголемен обем на сообраќај е регистриран и на граничниот премин „Богородица“ кон Грција. Во истиот период (01.08.2025 од 10 часот до 03.08.2025 до 10 часот) влез оствариле 29,959 патници, додека излез оствариле 37,806 патници.

„Влез во државата оствариле 11,472 македонски државјани, а излез оствариле 16,011 македонски државјани“, информира МВР.

Во врска со странските државјани, во истиот временски период влез во нашата држава реализирале 18,487, а ја напуштиле 21,795, информираше МВР.

И на овој премин, Министерството ги презема сите неопходни мерки и се ставени во употреба сите човечки и технички капацитети со цел да се олесни преминот на патници, со вршење на задолжителните гранични проверки.

Извор: МИА

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Николоски со шпанскиот амбасадор: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката

Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје-Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје-Барселона, истакнале на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, соопшти Министерството за транспорт. Двете авиолинии, информирал вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот […]

Подобрен успех на државната матура од лани

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3,69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15.004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, […]

ФОТО и ВИДЕО: Разбиена мрежа за криумчарење цигари, кривична пријава за петмина

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска […]

To top