Македонија

Премиерот Мицкоски денес на поставување камен темелник за спортска сала во Воената академија, за која ќе се вложат 64,8 милиони денари

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денес ќе учествува во поставувањето камен- темелник за нова спортска сала во Воената академија “Генерал Михајло Апостолски” во Скопје. Финансиер на проектот е Министерството за спорт со 64,8 милиони денари. На овој настан ќе бидат присутни и министрите за одбрана и спорт Владо Мисајловски и Борко Ристовски.  […]

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денес ќе учествува во поставувањето камен- темелник за нова спортска сала во Воената академија “Генерал Михајло Апостолски” во Скопје. Финансиер на проектот е Министерството за спорт со 64,8 милиони денари.

На овој настан ќе бидат присутни и министрите за одбрана и спорт Владо Мисајловски и Борко Ристовски.  По завршувањето на изградбата спортската сала ќе биде предадена на Министерството за одбрана за постојана употреба, заради тренинзи за студентите на Воената академија. Ќе бидат предвидени и одредени термини за учениците и граѓаните на Општина Аеродром.

Предвидено е по поставувањето на камен- темелникот на салата премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.” – соопштија од владината прес-служба.

Најнови вести од: Македонија

БАЛКАНСКИОТ ЕРУСАЛИМ: Зошто Македонија е европскиот бисер кој мора да се посети

Богата култура, недопрена природа, преубави панорами, гастрономски специјалитети и исклучително гостопримливи луѓе – ова се само дел од адутите со кои Македонија се етаблира како задолжителна европска дестинација за светските патници

To top