Македонија Колумни

Сократ Маркилов (12.4.1921-4.8.1993), македонскиот деец во Пиринска Македонија, кој одлежа 17 години во бугарските затвори, поради својата македонска определба и дејност

Покрај Сократ Маркилов, поради неговите замакедонски активности страдало и неговото семејство. Тоа било интернирано од комунистичките бугарски власти во градот Ловеч.

„Немам што да изгубам. Ниту деца, ниту жена, ми останува само голиот живот. А него секогаш можам да го дадам за Македонија.’ – кажал Сократ Маркилов, кој одлежал 17 години во бугарските затвори како македонски национален деец. Тој е основач на тајната Независна македонска организација – „Илинден“ во Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија, и еден од основачите на легалната Обединета македонска организација (ОМО) – „Илинден“. Починат е на денешен ден, на 4 август 1993 година. Поради својата македонска национална определба, тој бил прогонуван и затворан од бугарските државни органи и затоа станува маченик за македонската национална кауза во комунистичка Бугарија.“ – има напишано „Македонска нација“ во својата статија со наслов „Македонски легенди: Сократ Маркилов“ од 17 април 2019 година.

Во статијата се истакнува: Сократ Маркилов е роден на 12 април 1921 година во село Бутково, 51 км северозападно од градот Сер, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција. За време на Втората светска војна стапил во антифашистичкото движење. По Втората светска војна Маркилов живеел во градот Петрич. Незадоволен од односот на бугарските власти кон македонското прашање, тој презема низа активности да ги организира македонскиот народ во Пиринска Македонија и македонската емиграција во Бугарија.

Во 1968 година, Сократ Маркилов е еден од основачите на тајната Независна македонска организација – „Илинден“ во Пиринскиот крај и меѓу македонската емиграција. Истовремено е еден од најактивните дејци на организацијата. Поради својата македонска национална определба и активности во врска со македонската кауза, Сократ Маркилов бил, прогонуван, протеруван и затворан од бугарските власти уште од 1956 година. Во бугарските затвори тој  одлежал вкупно 17 години. Првиот пат добил пресуда на 12 години, а во 1973 година бил уапсен и наредната 1974 година бил осуден на 5 години затвор. Покрај Сократ Маркилов, поради неговите замакедонски активности страдало и неговото семејство. Тоа било интернирано од комунистичките бугарски власти во градот Ловеч, при што неговата жена извршила самоубиство.

За време на комунизмот во Бугарија Сократ Маркилов станува маченик за македонската национална кауза. Сепак и покрај сите лични загуби во текот на својот живот, тој не се откажува од борбата за македонската кауза. Маркилов продолжува со своите активности и по падот на кумунизмот на почетокот на деведесетите години на минатиот век. Во април 1990 година тој е еден од оснивачите на легалната Обединета македонска организација (ОМО) – “Илинден“.

Истовремено Маркилов учествува во организацијата на првиот и најмасовен собир на Македонците во Бугарија, кај Роженскиот манастир во 1990 година. Од овој период ќе останат запаметени неговите зборови: „Немам што да изгубам. Ниту деца, ниту жена, ми останува само голиот живот. А него секогаш можам да го дадам за Македонија“.

Сократ Маркилов починал на 4 август 1993 во Бања Банско, Струмица. По негова желба погребен е во Петрич.

Најнови вести од: Македонија Колумни

(Фото): Скопје на петто место по загаденост во светот

Со над дваесет пати гоголеми вредности на најштетните ПМ честички според просекот на СЗО и оценка дека воздухот не е здрав за вдишување, Скопје сега е трет град во светот по параметрите на загаденост, покажуваат податоците од платформата IQAir.

Наскоро нов булевар во Скопје – активно се работи на клучката кај Момин Поток

Активно се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти со правец од раскрсницата со булеварот Словенија кон клучката Момин Поток. За оваа делница конечно се пробива трасата, напиша градоначалникот на Скпоје, велејќи дека се отстрануваат објектите коиу се наоѓаат на трасата.

Дали лекарска грешка довела до смрт на бебето на Клиниката за гинекологија и акушерство?

Министерот за здравство наложи инспекциски надзор на државната клиника за гинекологија за починато бебе кој треба да утврди дали имало лекарска грешка. Од клиниката уверуваат дека се преземени сите мерки и постапки за објективна истрага и најавуваат мерки доколку се утрдат пропусти. Скопското обвинителствцо оформи предмет.

Неправилностите во Лотарија се од поранешното раководство, реагира Државна лотарија по ревизорскиот извештај

Акционерското друштво за приредување игри на среќа – Државна лотарија на Македонија најостро реагира на дел од медиумските написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на Друштвото за 2024 година, без притоа, како што наведуваат, да се направи јасна разлика помеѓу периодот на управување на поранешното и на актуелното раководство.

To top