Македонија Колумни

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и својот македонски јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Пишува: Свето Тоевски

Анте Поповски, како еден од најзначајните столбови на современата македонска поезија, но и на македонскиот национален и јазичен идентитет, преку своето творештво упатува длабоки, вонвременски и универзални пораки, кои силно одекнуваат и денес, особено во контекст на односот на Европа и светот кон Македонија. Неговата поезија не е само локална или тесно национална;  таа е цивилизациски крик за правда, признавање и еднаквост.

Со своето творештво тој испраќал, но испраќа и денес до оваа културна и политичка Европа пораки дека македонскиот идентитет, јазик и култура не можат да бидат предмет на балкански и геополитички компромиси, зашто тие се исконска реалност, колку тие им се допаѓале, или не на некои од „добрите соседи“. Преку мотивите на каменот, земјата, пепелта и преданието, Анте докажува дека Македонецот со своите длабоки корени во европската и светската цивилизација опстојувал и опстојал низ вековите на оваа ветрометина.

Поетот на македонската судбина упатува преку својата поезија своевидна порака до Европа и дека македонскиот народ не бара „дозвола“, за да постои, туку бара само почитување на своето природно и историско право на самобитност. Дека Европа не може да биде целосна, ако го игнорира, или го негира еден од своите автохтони културни никулци – македонскиот народ, кои стои со својот јазик и писменост во самите столбови на европската цивилизација.

Поезијата на Поповски често е исполнета со достоинствен пркос против неправдите, нанесувани врз македонскиот народ низ историјата (поделбите, негирањата, страдањата). Неговите песни се и „етички потсетник“: тој ја потсетува Европа на нејзините сопствени прокламирани вредности — хуманизмот, солидарноста и правото на самоопределување. Преку стиховите, тој суптилно предупредува дека градењето на европското заедништво преку бришење, или жртвување на идентитетот на помалите народи, е кршење на самите цивилизациски темели на таа Европа.

Анте Поповски ја позиционира Македонија како лулка на писменоста и како духовен крстопат на Европа. Неговите пораки се дека Македонија и нејзината духовност и култура преку делото на Кирил и Методиј, Климент и Наум, одамна се дел од ризницата на богатствата на европската цивилизација. Пораката на Поповски е универзална: слободата и достоинството на човекот се над секоја политичка конјунктура. Неговата поезија е повик за сочувување на човечноста во времиња на глобални кризи и превирања. Тој верува во конечната победа на светлината над мракот, на зборот над молчењето и на опстанокот над уништувањето.

Поезијата на Поповски, од првата до последната збирка, отсекогаш предизвикувала интерес кај читателската публика и книжевната критика. Богатото дело од вкупно 11 збирки поезија, кои што содржат неколку стотици песни и неколку илјади стихови, се непроценливо книжевно богатство, кое претставува не само еден од врвните дострели на современата македонска книжевност, туку е како трајна национална вредност на македонскиот народ и на Македонија.

Проф. д–р Венко Андоновски ја толкува поезијата на Анте како ракопис-поезија која постои истовремено и во минатото, и во сегашноста, и во иднината, нагласувајќи дека „своите стихови тој ги пишувал со светлината како мастило“. „Поповски во својот поетски краснопис како свое мастило ја користел светлината. Само таа ги спојува трите времиња: минатото, сегашното и идното, во едно. Само светлината била, е и ќе биде секогаш иста, велика и една, како и поезијата на Анте.“ – истакнува Андоновски.

Според академик Катица Ќулафкова, Анте Поповски ја творел својата поезија, приоѓајќи му на мајчиниот македонски јазик како душа на неговата татковина. „Мојот мајчин јазик (е) сраснат за мене како близнак.’ – вели Анте Поповски, заветно. Со тоа тој ја потврдува македонската кауза како негова лична и тематска константа, затоа што јазикот е душата на нашата татковина и не познава други граници освен нашата љубов и нашата памет. И кога библиотеките се уривале постоела надеж дека јазикот ќе преживее, со луѓето и камењата, со земјата.“ – напоменува Ќулавкова, посочувајќи на редица стихови на Поповски.

Една од најзнаменитите песни на Анте Поповски, посветени на неговата таковина е и песната  „Македонија:

Поповски беше еден од оние македонски книжевни творци, кои визионерски ја предвидоа македонската судбина. Во македонската поезија беше препознаван како поет на страдалната судбина на својот народ, како заветниот пророк Мојсеј, кој го води народот, го храбри да издржи и го поучува како се сака татковината. Во оваа смисла во 2008 година во „Развеано евангелие“ Анте запиша: „Записите што доаѓаат од нашето минато имаат смисла да потсетат – дека и мртвите не можат да бидат спокојни и сигурни пред непријателот и пред несреќите на овој народ. Македонците до вчера немале ниту право да се сеќаваат и уште помалку – да ја истражуваат својата иднина.“

Сумирајќи ги своите погледи за Анте Катица Ќулавкова заклучува: „Анте со песна остава аманет да се сочува Македонија. Тој секако ја сочувал во своите песни. Но дали песната е доволна?“

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија Колумни

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

To top