Македонија

Како една реченица целосно им го свртела животот на двете македонски ТВ лица

Хемијата била неопислива

Во паралелно интервју за Женски Магазин двајцата македонски ТВ новинари Марина Доковска и Драган Николовски откриваат како едно прашање довело до љубов и брак.

 

Двајцата раскажуваат што точно се случило за да дојде до романтична врска која неодамна е крунисана со вечната заклетва: Додека смртта не нѐ раздели.

 

МАРИНА: Едно кафе во МКЦ ќе го паметам до крајот на животот. Кога се доближив до масата го видов Драган, кој иако го знаев од новинарските кругови, никогаш го немав сретнато и ми рече: „Конечно да се запознаеме“. Реченицата ме збуни и ми ѕвонеше во мислите, но еден зрак кој паѓаше врз неговото лице, ми го привлекуваше вниманието за време на целиот час на масата тој есенски ден. Тој зборуваше, а јас во него смешно „зјапната“ не можев да ги оттргнам очите. Го знаев, но дотогаш не го познавав. Гласот негов ме воодушевуваше. Баш како што вели нашата заедничка песна „You had me from hello“. Еден ден, кога ќе станам уметник, ќе ја нацртам сликата. Драган се појави во мојот живот, кога минував низ најтешкиот период, со моето семејство водевме безуспешна битка со подмолна болест на мајка ми. Но, тој со своето трпение и со внимателност ме освојуваше секој ден. Јас зборував, тој ме слушаше. Навистина ме слушаше. И денеска продолжи истото темпо, јас постојано зборувам, тој ме слуша, барем се труди така да изгледа.

 

ДРАГАН: Сé до таа случајна средба, претходно сме немале никаква комуникација, туку само сме знаеле еден за друг како долгогодишни телевизиски лица. Иако тогаш не бевме сами, туку во друштво на заедничка пријателка, во тие први дваесетина минути се чувствував како да се познаваме долго и отсекогаш и како да продолжуваме од некаде каде што сме застанале ден претходно. Хемијата беше неопислива. Но, тоа ни беа само првите зраци светлина, до изгрејсонцето требаше да мине уште некое време…

 

Повеќе на Женски Магазин

Најнови вести од: Македонија

Лишен од слобода М.Р. (18), кој испраќаше закани дека ќе постави бомби и ќе убива во средното медицинско училиште во Тетово!

Вчеравечер, на 12 март 2026 во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, оти М.Р. праќал пораки до учениците, заканувајќи се дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.

Специјалната противтерористичка единица „Тигар“ – 45 години во служба на безбедноста на татковината Македонија и граѓаните, симбол на врвна професионалност и храброст!

„Денеска одбележавме 45 години од создавањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ – симбол на професионалност, храброст и врвна подготвеност на македонската полиција, напиша на фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На Параолимписките Зимски Игри Милано Кортина 2026, „Победничката селфи – фотографија“ достигна нов пресврт

„Победничката селфи – фотографија“ (Victory Selfie) го трансформираше искуството на церемониите за доделувањето на медали преку фотографиите што самите спортисти ги доловуваат и ги споделуваат низ целиот свет, брзо станувајќи култен културен момент на Олимписките и Параолимписките Игри.

Скандал: Лога го навреди претседателот на Уставниот суд Костадиновски дека е „имбецил“ и оти има „умерена интелектуална попреченост“!

„Имбецил! *Историски гледано, технички термин за умерена интелектуална попреченост!“ – напиша Кренар Лога од ДУИ, поранешниот министер за правда, во својата скандалозна објава на фејсбук за претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, објавувајќи ја и неговата фотографија во судиската тога. Тешките навреди на Лога кон Костадиновски се и дел од остриот напад на неговата партија ДУИ, која вчера се огласи со соопштение и тврдење во него дека е „дискриминација и кршење на духот на Уставот ставот, според кој смс-пораките од системот ‘Безбеден град’ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека може да се испраќаат и на англиски, но не и на албански јазик.“. Ова е ставот на првиот човек на Уставниот суд Костадиновски. „Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата.“ – тврдеше ДУИ, а напоредно со неа и Лога се огласи со својата екстремно тешка и навредлива квалификација за Костадиновски дека е „имбецил“.

Најнови вести

To top