Колумни

Остри реакции во Бугарија и Грција околу „спектаклот“ „Враќањето на бугарскиот цар Самуил во татковината“ (2)

Денешниот пропаганден циркус „Враќањето на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во татковината Бугарија“, кој без никакво сомневање има за цел да го поттикне создавањето на „заедничката историја на Македонија со Бугарија“, односно бугаризирањето на автентичната македонска национална историја, наидува на негативни и критички реакции токму во Бугарија и Грција – двете држави, кои го приредуваат овој „спектакл“ и „лошососедско“ политичко поигрување со сѐ уште научно непотврдените мошти – дали и навистина му припаѓаат на инаку македонскиот цар Самуил.

Пишува: Свето Тоевски

На 30 септември 2026 година во својата статија со наслов „Грција ќе ѝ ги врати на Бугарија посмртните останки на средновековниот цар Самоил“, објавена на 30 септември 2026 година „Medievalists.net“ објави фотографија на наводните посмртни останки на царот Самоил, со објаснувачки текст под неа: „Скелет, откриен во една од гробниците во базиликата „Свети Ахил“ во Мала Преспа, кој археологот Николаос Муцопулос подоцна го идентификуваше како посмртни останки на цар Самоил. Фотографија од ископувањата на Николаос Муцопулос во 1967 година / Археолошко друштво во Атина, CC BY-NC-ND 4.0.“

„Medievalists.net“ е еден од водечките водечки светски интернет-портали за археолошките ископувања и истражувања на средниот век, со седиште во близина на Торонто, во Канада. Овој портал го основале историчарите Питер Кониечни и Сандра Алварез. Кониечни е главен сопственик и уредник.

Во својата статија со наслов „Договор за илјада години споделено, заедничко паметење меѓу Грција и Бугарија“, објавена на 29 септември 2026 година, грчкиот електронски весник „AlphaFreePress“ од Атина магласува: „Враќањето на 48 грчки реликвии од Бугарија и предавањето на реликвиите што му се припишуваат на Самуил повторно отвораат фасцинантно поглавје од илјада години, од конфликтот со Василиј II и битката кај Клеидиј  (Беласица – заб.прев.)до археолошката мистерија кај „Свети Ахил“. Беа потребни повеќе од сто години за да се затвори славата, што се роди во мугрите на Првата светска војна. И беше потребно повеќе од илјада години, џа да се сретнат повторно, на сосема поинаков начин, двата света што некогаш се судрија со невиден просперитет на Балканот. Грција и Бугарија продолжуваат со договор со силен историски и симболичен товар. Осумнаесет црковни и историски реликвии, кои беа пренесени во Бугарија во 1917 година, се враќаат во Грција. Во исто време, грчката страна ѝ ги предава на Софија човечките останки, што му се припишуваат на цар Самуил, еден од најважните водачи на средновековната бугарска историја и големиот противник на византискиот цар Василиј. Ова е договор што оди многу подалеку од движењето на историски предмети од еден музеј во друг. Зад 48-те артефакти и пронајдени предмети стои приказна што ги поврзува војните, империите, династиите, манастирите, археолошките ископувања, националните сеќавања и еден од најдраматичните воени наративи од средниот век.“

Нималку случајно грчкиот портал користи внимателно одбрани изрази  и „посмртни останки што му се припишуваат на Самуил“ и „тоа е сѐ уште археолошка мистерија“. Негативните и критички реакции во моментов се најизразени во Грција и кај дел од бугарските историчари/интелектуалци.

Александар Стојанов

Бугарскиот историчар Александар Стојанов отворено, со употреба на тешка иронија, критикува дека овој настан се користи заради предизборен политички маркетинг, во функција на внатрешно-политички цели пред претседателските избори во октомври 2026 година

„Медиумската возбуда и фрка околу враќањето на наводните останки на цар Самуил во Бугарија од страна на Грција ќе нè преплави во следните неколку дена. Погребувањето на Самуил на островот Свети Ахил не е 100-процентна историска вистина, туку сепак останува хипотеза, заснована врз толкувањето на наодите и дополнителното замаглување на изворите. Ова нема да спречи дивиот патриотизам да беснее во нашата земја, односите со Македонија да достигнат нов крешендо (нов врв – заб.прев.), а премиерот Радев и  и претседателот да се наречат ‘обновувачи на бугарското историско наследство’ во пресрет на октомвриските избори. Општо земено, ова е уште една трагикомедија.“ – напиша на својот фејсбук-профил Стојанов.

Бугарскиот историчар  Горан Благоев, автор на документарниот филм „Островот на цар Самоил“, не ја прифаќа националната еуфорија околу „враќањето на моштите на Самуил“ и прави суштинска забелешка: Грција не ги „враќа“, туку ги „дава“ останките. Според него, ако бугарската држава навистина се води од историски аргументи, останките требало да бидат повторно погребани во базиликата „Св. Ахил“, каде што биле пронајдени, а не да бидат пренесени во Софија. Преку објава на својот Фејсбук профил Благоев нагласува дека процесот е политичка зделка/размена (каде Бугарија дава вредни црковни реликвии земени за време на Светските војни), а не чин на безусловно враќање историски долг. Благоев јавно изјави дека не може некритично да ја сподели сенародната еуфорија и го нарече „политички цинизам“ тргувањето со коските на цар Самуил. Тој смета дека ако бугарската држава навистина се водела од историските аргументи, тогаш дипломатијата требало да инсистира коските да останат и да бидат повторно погребани на нивното автентично место – во базиликата „Свети Ахил“ на Преспанското Езеро каде што беа пронајдени, а не да бидат транспортирани за Софија.

Кристијан Ковачев

Бугарскиот историчар д-р Кристијан Ковачев на 2 октомври 2026 во интервју за Радио Благоевград отворено кажа дека научната идентификација на останките на царот Самуи не е целосно завршена, нагласувајќи дека „треба да се прави разлика меѓу „националниот расказ“ и „научните дискусии“. Тој смета дека е научно попрецизно засега да се зборува за „наводните останки на цар Самуил“.  „Подготовките за префрлање на останките се избрзани и без доволни консултации со академската заедница. Овој договор со Грција  договорот има и политичка димензија, поврзана со односите меѓу Софија, Атина и Скопјe. Се надевам дека тоа нема да доведе до дополнителни тензии меѓу Бугарија и Македонија.Научно е поточно да се зборува за наводните останки на Самуил, сѐ додека не се направат дополнителни анализи. “– изјави Ковачев.

Во Грција се искажуваат уште поостри критики, но има и  сериозна институционална реакција. Митрополитот Доротеј Драмски остро го доведува во прашање договорот. Тој предупредува дека со „предавањето на Самуиловите останки Грција може да ја изгуби преговарачката позиција за враќање на уште стотици црковни предмети и ракописи однесени во Бугарија“. Според него, само од манастирот Панагија Еикосифиниса биле однесени околу 800 црковни предмети и 430 ракописи. Доротеј јавно побарал грчкиот премиер Мицотакис да ја повлече својата согласност/потпис на договорот, поради стравувањето дека Грција со предавањето на останките го губи значајниот адут во натамошните преговори со Софија.

Уште посериозно: според грчките извештаи од 2 октомври, Здружението на грчките археолози се спротивставило на договорот и го проблематизирало начинот на кој е склучен, односно третирањето на културното наследство како предмет на политичка размена. Но, има една важна нијанса: критиката во Грција главно не е за „македонскиот“ или „бугарскиот“ идентитет на Самуил. Главните приговори во реакциите во Грција е дека останките се археолошко и културно наследство пронајдено во Грција и оти културното наследство не треба да се третира едноставно како дипломатска „размена“.

Грчките археолози: „Археолошките наоди не можат да се разменуваат“

Грчкиот археолог Михалис Лихунас јавно реагираше против договорот за „враќање на бугарскиот цар Самуи во Бугарија“,. Тој смета дека археолошки наоди не треба да се третираат како предмет на дипломатска размена. Неговата формулација е исклучително остра: „Наодите од едно археолошко ископување не можат и не смеат да се разменуваат…“ Тој договорот го оцени и како „национално предавство/национална капитулација“  и како  „непоправлива штета врз етиката на законските размени“.

Грчки критичари прашуваат дали е прифатливо археолошки материјал откриен на грчка територија да биде ставен во истата категорија со предмети однесени во Бугарија во 1917 година. Поранешниот грчки министер за култура Костас Џаварас е категоричен: „Договорот меѓу Бугарија и Грција е катастрофален“. Џаварас, кој бил грчки заменик-министер/министер за култура во периодот 2012–2013, учествувал во претходните преговори со Бугарија. На 30 септември 2026 година тој јавно изјави: „Договорот за Самуил е катастрофален, ја распродадоа целата работа.“ Тој тврди и дека археологот Николаос Муцопулос ги предал останките на Самуил со услов тие да не бидат дадени на Бугарија додека не бидат вратени сите украдени реликвии. Ова е особено значајно затоа што Џаварас зборува од позиција на човек директно вклучен во претходните преговори, а не како случаен коментатор.

Грчкиот медиум EfSyn на 2 октомври ја објави анализата со наслов: „Екстремно контроверзниот договор меѓу Грција и Бугарија“. Медиумот известува за гнев кај археолозите, реакции од црковни кругови, политички критики, прашања за тоа дали воопшто било консултирано Централното археолошко советодавно тело и дали останките воопшто се третираат како археолошки материјал.

(продолжува)

 

Најнови вести од: Колумни

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти ова наидува на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и македонскиoт јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Македонистичкото дело на Мјечислав Малецки – бедем пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет

Истражувањата на полскиот славист Мјечислав Малецки претставуваат непобитен научен доказ за автохтоноста и посебноста на македонскиот јазик. Наспроти повеќедецениските организирани политички напади и фалсификати, кои доаѓаат од одредени кругови, делото на овој светски признат лингвист уште во првата половина на XX век ја зацврсти позицијата на македонистиката на меѓународно ниво. Од една страна стојат произволните толкувања и веќе државна доктрина на негација и фалсификати од страна на Бугарската академија на науки и на официјална Софија во врска со „бугарските темели“ на македонскиот јазик, или за неговата „измисленост како јазик во 1944/1945 година“. Од друга страна стои научната вистина за овој најважен столб на македонскиот идентитет, која се потпира исклучиво врз лингвистички факти и домашни и меѓународни теренски истражувања, кои траат многу повеќе од еден век. Полскиот македонист Мјечислав Малецки починал на денешен ден, на 3 септември 1946 година. Ова е пригода за ново навраќање кон неговото македонистичко научно дело, кое е бедем, пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет.

Најнови вести

To top