Македонија Бизнис

Рекордна наплата од УЈП во јули, собрани 37,4 милиони евра повеќе од лани

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година. Како што информираат од Управата, вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) […]

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.

Како што информираат од Управата, вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега. По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година.

Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.

-Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници, велат оф УЈП.

Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима, додаваат од УЈП.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Минималецот ќе порасне за 1.500 до 2.000 денари во март в година

Кога ќе има усогласување во март следната година, врз основа на параметрите што ги имаме, граѓаните ќе имаат повисока минимална плата. Тоа е формула и методологија со која се пресметува минималната плата, со што се согласуваат Економскиот и социјален совет, синдикатите, работодавачите и Владата, рече министерот за економија.

„Костал“ ќе има извоз од 230 милиони евра и покрај кризата со автомобилската индустрија, тврди Мизо

Претседателот на Советот за странски инвестиции смета дека македонскиот извоз е генерално зависен од германската економија и побара од македонските власти да бидат пофлексибилни на промените што ги носат денешните времиња. Тој во интервјуто вели дека за една компанија-инвеститотр во нашата земја од одлука за инвестирање и објавување на истата до нејзина реализација треба да мине низ 1,5 до 2 години во некои случаеви.

(Фото): Инфлацијата порасна на 4% – храната и безалкохолните пијалаци поскапеа за 5,4%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември изнесува 4%, а индексот на цените на мало бележи раст од 3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година пораснале за 0,6%.

Предлог-буџетот на Пленарна – тој е инструмент за реални политики и за економски раст, вели министерката за финансии

Повеќе пари за пензии и плати во јавниот сектор носи новиот буџет како и зголемување на капиталните инвестиции вели министерката за финансии која најавува и над 40 милијарди денари за инфраструктура, енергетика, железница, земјоделство, образование и здравство, со фокус на коридорите, енергетските капацитети и нови производствени погони.

To top