Македонија

Светозаревиќ: Сега македонската влада има право да ги бара назад сите предмети

Историчарот како аргумент го посочува (раз)давањето реликвии на Грција и од Охрид дадени на „привремено чување во Софија“

Историчарот Бранислав Светозаревиќ укажа на уште еден момент од примопредавањето историски артефакти меѓу Бугарија и Грција.

„ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено чување. Сега македонската влада има право да ги бара назад сите предмети“, напиша тој на Фејсбук во прилог на списокот со 19 црковни предмети дадени во 1916 година на „привремено чување“ во Софија, меѓу кои и кивотот со моштите на Света Матрона.

„Денес, 28 ноември 1916 година, врз основа на телеграма на претседателот на Владата г. д-р Радославов од 21. овој месец под број 17762, составен е овој акт за собраните, спакуваните и испратените на привремено чување во Софија долуозначените црковни старини, сопственост на градот Охрид“, се вели во почетокот од листата на артефактите.

Сребрената кутија со моштите на Света Матрона е оригинален црковен артефакт од 1798 година, кој потекнува од црквата „Богородица Перивлепта“ во Охрид.

За време на Првата светска војна, во ноември 1916 година, реликвијата заедно со други вредности од охридските цркви е однесена од Охрид во Софија на „привремено чување“ и со децении се чувала во Националниот историски музеј во Софија, пред да ѝ биде дадена на Грција како дел од замената во која Бугарија ги доби наводните коски на Цар Самоил. 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

(Фото): Европските даночни советници доаѓаат во Скопје

Институтот на сметководители и овластени сметководители го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми. Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири.

To top