Македонија

Подобрен успех на државната матура од лани

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3,69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15.004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, […]

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3,69.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15.004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. Околу 3 проценти не дошле на испитите.

Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка била 3,26 и бидејќи немало голем број препишувања. Како што рече, 172 се обиделе да препишат и да го „надмудрат“ системот.

Биле поднесени 507 приговори по сите предмети.

Мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски и српски), кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот испит, кој е изборен за учениците, беше на 11 јуни.

Матурантите кои во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, ќе полагаат во августовската сесија – на 12 август е испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Државната матура во нашиот образовен систем се спроведува од 2007 година, во јунска и во августовска испитна сесија. Не беше организирана само еднаш – на крајот од учебната 2019/2020 година поради Ковид-пандемијата.

Најнови вести од: Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Само македонски изведувачи за Новата година – Тамара Тодевска и Каролина Гочева во фокус

Скопје се подготвува за магичното дочекување на Новата 2026 година со богата прослава на плоштадот „Македонија“, чии главни ѕвезди ќе бидат познатите македонски пејачки Тамара Тодевска и Каролина Гочева.

Наскоро ќе се распише тендер за набавка на 80 електрични автобуси за Скопје

Ако се земе предвид сето она што досега го реализирал премиерот, Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, верува оти наредната година граѓаните на Скопје, конечно, по многу години, ќе добијат соодветен градски превоз.

Гаража во Скопје продадена за 30.000 евра, становите во Охрид поскапи за 27%

Најмногу купопродажби во првото шестмесечје од 2025 година се направен во Аеродром – 562, Гази Баба – 555 и Карпош – 527 купопродажби, а најмалку во Бутел, 176 купопродажби. Највисока вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период постигната е во Центар, 65,8 милиони евра, Карпош, 56,7 милиони евра, Аеродром, 47,9 милиони евра, а најниска во Штип, 10,0 милиони евра.

Нема Новогодишна кошница – таквите мерки имале само привремен ефект, велат од Влада

Државниот пазарен инспекторат повторно ќе излезе на терен заедно со Комисијата на заштита на конкурентност, уште еднаш да направат детална инспекција на маркетите и да се констатира нивното однесување. Сепак, тоа не значи и дека Владата ќе воведе мерки за заштита на потрошувачите.

To top