Македонија

„Балиститe“ на ФК Шкендија „навиваа достоинствено“ и „пееја мотивациски песни“?! Дали извикуваа „Илирида“ и „Велика Албанија“, за да „мотивираат“?!

Кој и за што треба да биде „мотивиран“? Дали целта на тешката националистичка провокација , означена како „мотивација“, е Албанците да се покренат за создавање „Илирида“ и „Велика Албанија“?!

„Во огнена атмосфера исполнета со највисоки чувства навивачите на Шкендија – Балистите – уште еднаш покажаа дека се многу повеќе од само група навивачи. Тие станаа олицетворение на јасната порака, што ја испрати претходно филантропот и поддржувач на клубот Лазим Дестани, кој повика на достоинствено навивање,  да биде воздржано и без навредлив јазик. Неговиот повик беше јасно слушнат и одговорно испочитуван од Балистите, кои во текот на целиот натпревар обезбедија извонредна атмосфера, пеејќи мотивациски песни и поддржувајќи го тимот без ниту еден момент со навреда.“објавија денес повеќе медиуми на албански јазик во Македонија во информација со наслов „Балистите даваат пример: Вечер исполнета со страст, достоинство и спортски дух на трибините на Шкендија“.

„Ние сме 12-ти играч, но и одраз на вредностите, што сакаме да ги претставуваме како клуб и како заедница.“ – велат членовите на навивачката група Балисти, кои со овој став ја освоија не само почитта на спортската јавност, туку и на противниците. Оваа вечер беше јасен доказ дека страста кон фудбалот и почитта кон вредностите можат да одат заедно. Клубот Шкендија, во исто време симбол на гордост за Албанците, беше достојно претставен и од трибините – каде што „Балистите“ покажаа дека се сила, што вдахновува.  Победа не само на теренот, туку и во спортската култура!“ – стои во оваа информација, која несомнено е испратена во јавноста, со цел да се изнесе официјален став на Фудбалскиот клуб „Шкендија“ и на навивачката група „Балисти“. Но, во него нема ниту еден збор осуда и дистанцирање од тешкиот националистички инциденти, кога на натпреварот беа чуени и извици „Илирида“ и „Голема Албанија“.

Што значи изразот „Балистите пееја мотивациски песни“, содржан во наведената  информација, пренесена од албанските медиуми?! Кој и на што треба да биде „мотивиран“? Дали целта на тешката националистичка „мотивација“ била Албанците да се поттикнат на „Илирида“ и велика Албанија?!

Ја повторуваме во контекстот на пренесената инфирмација и реакцијата наХелсиншкиот комитет за човекови права, кој го осуди националистичкото скандирање за време на вчерашниот фудбалски натпревар Шкендија-Карабах (0:1) во националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите.

„И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушаа повици ‘Голема Албанија‘, ‘Чамерија‘ и ‘Илирида‘, пораки кои придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија и имаат потенцијал да предизвикаат злосторства од омраза. Загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група ‘Балисти‘, туку и од дел од публиката, во присуство на високи државни функционери“, велат од Хелсиншки комитет.

На натпреварот присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити, министерот за економија Валон Дурмиши и партиските лидери Али Ахмети и Арбен Таравари.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со Макрон и Мерц разговарав за можностите да се даде поттик за европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Според неофицијалниот документ претставен од Франција и од Германија од самитот кој се одржа на почетокот на јуни, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и можноат да се испратат набљудувачи во европските институции

Инфо денови во Свети Николе и Неготино: 22,3 милиони евра за грантови за 2.043 лица да отворат сопствен бизнис, за два дена над 1300 апликации

Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денес се одржаа во општините Свети Николе и Неготино

Мицкоски: Провокациите се дел од организирана бугарска кампања

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ, по повод две години од мандатот на Владата, изјави дека зад провокациите што се случуваат во последниот период стои организирана бугарска кампања, која се спроведува преку еден или двајца политички ликови во земјава.

Мицкоски: Можно е реконструкцијата да биде поголема од една третина од владините функционери

Во гостување во „Отворено студио“ на Македонската телевизија, преммиерот посочи дека реконструкцијата не се прави исклучиво врз основа на постигнатите резултати, туку и поради променетите приоритети на владините коалициски партнери

To top