Две деца со исклучителни меѓународни успеси не биле доволно добри да добијат скромна стипендија од општина Гази Баба.
,,За прв пат, дете од Македонија освои прво место на натпревар во живо во Виена, во втората најстара концертна сала Ehrbar Saal, откако помина прв круг онлајн селекција. За прв пат дeте од Македонија настапи во Musikverein на концертот на најдобрите, како награда за освоеното прво место на натпреварот:, објави Ницевска Нина за младиот маестро Дамјан Ананасов чиј успех во Виена не е доволен за комисијата за стипендии во општина Гази Баба каде тој бил одбиен.
Слично поминала Дина Анастасова која е дежавен првак по виолина.
,,Бидејќи нема да го фатам рокот за поднесување приговор, должност ми е да реагирам на овој начин.
Дамјан Атанасов, и покрај првото место на меѓународен натпревар по пијано во живо во Виена, после кој како најдобар амбасадор ја претстави Македонија во најпознатата концертна сала во светот – Музикферајн и воодушеви луѓе од цел свет, на само 12 години!; и покрај првата награда на државен натпревар и прва награда на општински и регионален натпревар по солфеж, и покрај прва награда на општински и регионален натпревар по теорија на музика и трета награда на државен натпревар по теорија на музика, и покрај трета награда на меѓународен натпревар по пијано, и освоеното учество на тешка аудиција за мастерклас кај нашиот светски познат маестро Симон Трпчески, не се квалификувал за да добие стипендија од општината во која живее и учи и постигнува повеќе од одлични резултати.
Дина Атанасова, и покрај првата награда на државен натпревар по виолина и првата награда на општински и регионален натпревар по виолина, и покрај првата награда на државен натпревар по солефж и првата награда на општински и регионален натпревар по солфеж, и покрај учеството на реномираниот фестивал со меѓународен карактер Виолин Фест, и покрај првото место на два по ред акредитирани меѓународни натпревари по балет и континуираниот одличен успех во три државни училишни центри, исто така не заслужила да биде на листата.
Членови на комисијата, ве молам за издржано објаснување. Најмалку што може е да дадете табела со бодови. На децата им должиме објаснување”, пишува Ницевска Нина за одлуката на комисијата од општина Гази Баба која ги одбила двете суперталентирани деца.
Претседател на комисијата во Гази Баба е Александар Трајковски а одлуката ја потпишува градоначалникот на општината.

📷: Christian Flemming