Денеска надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против Д.Т. (73) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“.
Според пријавата, на 6 октомври 2026 година, во село во кривопаланечкиот регион, пријавениот извршил обљуба врз 75-годишна жена од селото.
Сепак според жители на селото каде се случувала љубовната драма двајцата инволвирани возрасни лица подолго време
интензивно се дружеле.
Според очевидци на блиската пријателска комуникација меѓу двете лица во која досега не било забележано насилство проблемот настанал кога за врската меѓу двете лица дознале членови ма семејството на бабата и реагирал.
Упатени лица од селото блиски на фамилијата тврдат дека бабата под притисок од членови на своето семејство со цел да се оправда за своето однесување го пријавила дотогашниот пријател по што дошло до кривична пријава од МВР.
Надлежните институции преземаат мерки во рамки на законските надлежности со цел расчистување на слулајот.