Регион

Балканот ќе биде под силно невреме

Ризик од локални поројни поплави

 Во следните 24 часа, односно во периодот од 8 часот денеска (среда, 21 октомври) до 8 часот утре (четврток, 22 октомври), под влијание на силен циклон од Џенова, Црна Гора, северот на Албанија, југозападот на Босна и Херцеговина и Јадранското приморје ќе бидат изложени на силни поројни врнежи од дожд, проследени со силни грмежи, силен јужен ветер со брзина над 80 км/час, можност за град, па дури и услови за развој и формирање на торнада на Јадранот, најави метеорологот Славчо Попоски.

На Јадранското приморје во овој период се очекуваат од 40 до 70 литри дожд на метар квадратен.

Значително повеќе врнежи ќе има на југозападот од Босна и Херцеговина, во Црна Гора и на северот на Албанија, каде што се предвидуваат од 100 до 150 литри, а локално и над 150 литри дожд на метар квадратен.

Поради тоа постои реална можност за локални поројни поплави.

Поради ваквата ситуација, граѓаните се повикуваат да бидат подготвени и крајно внимателни поради очекуваното силно невреме и многу обилните врнежи од дожд, апелира метеорологот.

Најнови вести од: Регион

To top