Македонија

Откриена уште една бугарска пропагандна машина на македонски јазик

Анте Поповски открива дека бугарски портал кој објавува на македонски јазик дава лажни податоци за неговиот дедо

Внукот на македонскиот револуционер Ѓоргија Попангелов открива уште една бугарска пропагандна машина на македонски јазик.

Анте Поповски открива дека портал кој објавува на македонски јазик дава лажни податоци за неговиот дедо Попангелов.

Бугарскиот портал тврди дека македонскиот револуционер е бугарин, што е раскринкано како лага од неговите наследници кои знаат дека тој е Македонец.

,,Пред извесно време, на веб страницата vistinata.mk, беше објавен запис за животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на мојот прадедо Георги Попангелов, учесник во Илинденското востание, војвода на Слатинската чета и револуционерен деец на ВМРО.

Го споделувам со една мала, но суштинска исправка, во согласност со нашата семејна, но и со пошироката национална меморија и историската традиција на македонскиот народ.

Покрај својата револуционерна дејност поп Ѓоргија нè задолжил и со значајно духовно, културно наследство. Неговиот ракописен препис на Калистратовата служба на Свети Наум Охридски, датиран во 1904 година во манастирот „Свети Јован Бигорски“ денес се чува во Државниот архив на Македонија, како дел од збирката оригинални ракописни записи на црковнословенски јазик. Овој ракописот e драгоцено сведоштво за континуитетот на охридската православна богослужбена традиција и македонската духовна дејност во тоа време.
Низ различни извори и историографии, неговото име , како и имињата на многу други личности од нашата историја, биле предмет на различни идентитетски толкувања и присвојувања. За среќа, зад овие луѓе останало нешто што не може лесно да се избрише, нивните семејства, потомци, сведоштва и жива меморија за сопствената припадност.

Наша должност е да го сочуваме тој спомен автентичен, неизменет и достоинствен и таков да го предадеме на идните генерации.

Честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба”, пишува внукот на револуционерот Попангелов.

Порталот вистината.мк е дел од бугарската мрежа на портали кои на перфиден начин објавуваат вести на македонски јазик со цел да ги манипулираат Македонците за историјата и политиката.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top