Македонија

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак – Македонија никогаш нема да ве заборави!

„Карпалак е рана, но и аманет!“ – порача премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски

„Слава за хероите од Карпалак. Нвното дело и пожртвуваност се паметат, нивната храброст и решителност се почитуваат. Нека биде нивната жртва аманет за идните поколенија дека се свети слободата, мирот и достоинството.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во објавата на општествените мрежи по повод денешното одбележување на 24-годишнината од терористичкиот напад врз конвојот на Армијата на Република Македонија на 8 август во 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово. Тогаш животите ги загубија десет резервисти на АРМ: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Натаму Мицкоски истакнува: Карпалак го паметиме како наша обврска да изградиме држава, во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди и кадешто е неприкосновена слободата на нашата татковина.

Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но и аманет. – пишува македонскиот премиер Мицкоски во објавата на опшествените мрежи.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ бара оставка од градоначалникот Герасимовски-кадарот на Заев, за да не стане Центар Бангладеш, поради градежни дозволи за СДСМ-фирми!

Го повикуваме кадарот на Зоран Заев, Горан Герасимовски, итно да дојде во Маџир Маало и да објасни според кои прописи се работи тука, А на одење да си даде оставка, повика денеска Диана Ристовска Додевски, членка на Советот на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

Анализи во Бугарија дека „патот на Македонија е под знак прашалник“, ако нема „напредок во работата на историската комисија“ и „исполнување на обврските“!

Историските спорови остануваат најсилната алатка на Бугарија за притисок врз Македонија. Бугарските анализи „предупредуваат дека без напредок во работата на Заедничката историска комисија и исполнување на договорените обврски, европската перспектива на Македонија ќе остане под силен политички притисок“.

Донесени законите за судската и јавнообвинителската служба – значаен исчекор кон зајакнување на нивната самостојност, професионалност и ефикасност

Министерството за правда информира дека Собранието денеска ги донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство. Со донесувањето на Законот за судска служба се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на судските службеници во судската власт.

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите низ Македонија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

Сторители на тешки кривични дела ги изиграле системот и судовите и со коруптивни лажни вештачења за нарушено здравје сместени во психијатриски установи!

Националниот превентивен механизам (НПМ) при Народниот правобранител, при контролата на психијатриската болница „Демир Хисар“ во декември 2025, затекнал 20-ина осуденици сторители на кривични дела кои не се со психичка болест, туку се здрави и пресметливи, но го изиграле системот и судовите преку коруптивни вештачења за нивно наводно нарушено здравје.

Македонија доби пристап до 4,4 милијарди евра од здравствените фондови на ЕУ – можност за приближување до европските стандарди и политики.

Македонија доби пристап до фондовите за здравство од 4,4 милијарди евра на Европската Унија (ЕУ). Министерот за здравство, Азир Алиу денеска кажа дека потпишувањето на Договорот за учество на Македонија во програмата „ЕУ фор хелт“ (EU4Health) е значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики. Програмата отвора можности за развој на проекти во областа на дигитално здравство, превенција и рана детекција на болести, скрининг-програмите, онкологија, кардиоваскуларно здравје, ментално здравје, подготвеност за здравствени кризи, пристапот до лекови и медицински производи, како и за јакнење на здравствениот кадар.

Најнови вести

To top