Македонија

Дурмиши: Училишната кошничка е од голема помош за родителите

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска ја промовираше „училишната кошничка“ што вчера ја донесе Владата. Мерката која ќе важи од 15 август до 15 септември 2025 година, предвидува намалување на цените на школскиот прибор за најмалку 10 отсто во трговијата на големо и 15 проценти во трговијата на мало. Како што соопшти Дурмиши […]

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска ја промовираше „училишната кошничка“ што вчера ја донесе Владата. Мерката која ќе важи од 15 август до 15 септември 2025 година, предвидува намалување на цените на школскиот прибор за најмалку 10 отсто во трговијата на големо и 15 проценти во трговијата на мало.

Како што соопшти Дурмиши на прес-конференција, мерката важи за сите видови продавници кои продаваат училишен прибор – книжарници, супермаркети, спортски продавници, а опфаќа широк спектар производи: тетратки, ранци, моливи, боици, фломастери, калкулатори, ножици, лепак, папки и други основни материјали.

 

Секој производ што ќе биде опфатен, напомена Дурмиши, ќе биде јасно означен со натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, а во сите продавници ќе биде поставен плакат со информации за мерката, за потрошувачите да имаат целосна и транспарентна слика.

Цените ќе се споредуваат со референтната цена од 1 јуни 2025 година или со набавните документи за поново внесени производи. Тоа значи дека намалувањето е реално, проверливо и фер – и за потрошувачите и за трговците, појасни министерот.

-Веруваме дека образованието треба да биде еднакво достапно за сите без оглед на семејниот приход. Затоа, заедно со Владата, преземаме мерки што овозможуваат секое дете да почне со училишните обврски под еднакви услови, а родителите да почувствуваат конкретно олеснување, рече Дурмиши.

Според него, кошничката е насочена кон заштита на семејниот буџет пред почетокот на новата учебна година.

-Оваа мерка е дел од поширокиот системски пристап на Владата да интервенира таму каде што трошоците се највисоки, а потребите најголеми. Минатогодишната „училишна кошничка“ беше исклучително успешна – заштедите по ученик изнесуваа од 750 до 2 000 денари. Секоја семејна заштеда значеше повеќе можности за децата, а помал притисок за родителите, потенцира Дурмиши.

Министерот подвлече и дека целта останува иста – да им се овозможи на сите ученици еднаков и достоинствен почеток на учебната година, без финансиски бариери.

-Продолжуваме со следење на состојбите на терен, анализи и дискусии за нови мерки, секогаш водени од интересот на граѓаните. Образованието треба да почне со насмевка, а ние сме тука да помогнеме тоа навистина да се случи, рече министерот  Дурмиши.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

Димитриевски: „Да“ за Европа, но европски пат со заштита за македонскиот идентитет и без отстапки кон Бугарија!

Лидерот на ЗНАМ предлага парламент со 90 пратеници како дел од пошироки изборни реформи. Истовремено бара заштита на македонскиот идентитет и европски пат без отстапки кон Бугарија.

To top