Македонија

Германска ,,инвазија” на Чашка, младо и старо игра на ,,Македонско девојче” (ВИДЕО)

Прекрасно дружење на брегот на Бабуна

Жител на Село Согле, општина Чашка информира за одлична приказна која се случува во општина Чашка каде што околу 400 извидници од Германија и Македонија заедно со месното население имаат незаборавни денови.

 

 

На ден 24.07.2025 година во селото пристигнал автобус со германски регистарски таблички со група од 50-тина извидници, младинци од разни краеви на Германија, со задача да подготват логор за претстој на преку 350 извидници кои требало да се пристигнат и да се сместат две недели.

 

 

,,За кусо време, на имотот на еден од селаните со име Мемсуд, пензионер, поранешен шумски работник, покрај преубавата планинска река Бабуна, поставија шатори, од куќата на Мемсуд приклучија кабли за електрична енергија и црева за питка вода. Услови идеални за извиднички камп. Месната заедница уреди вир на реката во кој децата редовно се капеа, се приспособија и тушеви за туширање после капењето во реката. Може да се каже дека се направи плажа со сите нишани”, раскажува Слободан Цобе Илиевски кој раскажува дека по кусо време пристигнал и главниот дел на извидниците.

,,Селото живна како никогаш до тогаш, никогаш немало толкав број на луѓе во селото. Покрај своите редовни планирани активности, извидниците се организираа и зедоа учество во повеќе активности од корист на селото и селаните. Се чистеа, зарастени со капини и треви, делови во селото, подвозници на патот каде течат потоци, канали покрај патот. Се метеа и чистеа селските улици. Се оспособија и офарба стативите на селското фудбалско игралиште, се поправија и офарбаа реквизитите во детскиот парк. Во екот на пожарите, меѓу првите, со две комбиња и 20 души, извидниците зедоа учество во гаснење на пожарот над с.Богомила. Селаните беа презадоволни од престојот и активностите на извидниците, остварија меѓусебни дружења. Јазикот не беше проблем, комуницираа многу лесно затоа што од селото голем број луѓе се на печалба во Германија а беа дојдени на одмор во родното крај. Тие што не го знаат јазикот ги користеа своите соселан како преведувачи.

Вечерта на 06.08.2025 година извидниците организираа прослава на која беа поканети сите жители од селото. Имаа свој оркестар. Прекрасно беше да се види дружба на млади луѓе со повозрасни мештани. За пофалба е што музичарите, млади деца, за кусо време ја извежбале македонската народна песна “Македонско девојче”, на која се разви македонско оро се мештаните учествуваа во нивните игри. Се создаде прекрасна атмосфера.

Месната заедница и жителите од с.Согле се крајно благодарни за се што сторија прекрасните млади луѓе од Сојузна република Германија.

Среќен ви пат за својата татковина и довидување во следна прилика”, раскажува Цобе.

 

 

,,Сето напред опишано помина како што помина. Се поставува прашањето, зошто ниту една македонска институција (републички институција на извидници, локална самоуправа – општина Чашка, владина институција и тн., не организираше ангажирање на средствата за информирање да сето тоа биде обзнането во македонската јавност што веројатно ќе беше пренесено и од страна на германските јавни гласила.

 

Едноставно, не знаеме да си се пофалиме за вложениот труд, по било кое прашање во животот.

 

п.с. – Мештаните имаат забелешка на односот на одговорните лица од општината Чашка кои не нашле за потребно да воопшто се појават пред младите луѓе. Навистина, малку е чудно и несфатливо, да имаш толкав број гости од една светски видна земја – Германија на своја територија а воопшто да не се заинтересираш за нив”, пишува Илиевски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

(Фото): Синдикален марш: 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, мал број излегоа на протест

ССМ и годинава со протест го одбележа Први Мај – Денот на трудот. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, продолжи кон Собранието, па пред Стопанската комора, а заврши пред Владата. Синдикалците со јасни барања: Повисока минимална плата, почитување на колективните договори и подобра заштита на работниците на нивните работни места. Предупредија дека состојбата е сериозна. Само во 2025 година 31 работник заминал на работа и не се вратил дома.

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

To top