Информација за успехот на јуниорите од Македонија на 16. Меѓународна олимпијада по природни науки што се одржа во Доха, Катар, од 3 до 12 декември 2019, ќе ја однесе ветерот.

Петте медали на младите таленти од Македонија во конкуренција на 70 земји ќе бидат само парче метал, а институциите управувани преку раководните луѓе ќе се вратат на политика, избори, административни обврски, и ништо повеќе освен одржување континуитет и стабилност, пишпува проф. д-р Боце Митревски, координатор за IJSO и поранешен претседател на Друштвото на физичарите на Република Македонија, од 2015 до 2019 и еден од водачите на тимот во Доха, Катар

(…)

Во тие медали има суштина. Во лицата на овие шест деца треба да препознаете идеја. Тие се репрезентативен примерок на генерации ученици што учествуваат на натпревари по физика, хемија, биологија, кои решаваат проблеми, критички размислуваат, кои се креативни, донесуваат одлуки, кои заедно со нивните наставници и со поддршка од родителите го балансираат образованието на потребното ниво. Тие се пример и за други ученици…

Тие ученици имаат потреба од лаборатории, опрема за изведување вежби и мерења, потрошен материјал за тие лаборатории, наставници кои континуирано посетуваат обуки, пари за котизација, авионски билети, солидна подготовка за меѓународни натпревари, пишува Д-р Митревски.

SHARE