Боки 13 ја нарекувал Катица „мајка“ – ја сликал со купче евра

Фотографија од поранешната шефица ма СЈО, Катица Јанева, како седи во домашна атмосфера, а на масата пред неа има сноп пари во банкноти од 500 евра, била презентирана на денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ .

Фотографијата била сочувана во телефонот на Бојан Јовановски.

Потоа обвинителството презентираше фотографии од крајот на 2018 година на кои се гледа Јанева како става плик во чанта во ресторанот „Ден и Ноќ“, пренесе СДК.

Денеска од телефонот на првообвинетиот во „Рекет“, Јовановски беше прочитана порака од 29 јануари 2019 што тој ја испратил до извесен Васе, што се поврзува со името на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова.

„Како си денес, се одмори ли, те молам види со ‘Мајка“ до каде се“, гласела пораката.

Кодното име „Мајка“ што во својата комуникација го користеле Боки и Димишков се однесувало на Катица Јанева.

SHARE