Инспектори ќе проверуваат како се спроведува Законот за јазици



Собранието денеска го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, со кој се озаконува надзорот врз примената на Законот за употребата на јазиците.

Пратениците од опозицијата побараа оваа точка да се одложи на неопределено време се додека не се добие финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија заради, како што рекоа, поврзаноста на ова законско решение со Законот за употреба на јазиците…

Тие укажаа дека Венецијанската комисија има забелешки на Законот за јазици и додадоа дека не треба на брзина да се носат законски решенија кои имаат сериозни последици за сите.

По усвојувањето на Законот, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот, јавува „Плусифо“.



SHARE