Абер од ЕУ за Ковид19: Руанда и Северна Кореја напред, Македонија стој

Според одлуката на Советот на ЕУ за критериумите за влез на граѓани од трети земји на територијата на Унијата од 1 јули Македонија не ги исполнува медицинските критериуми кои ги постави Брисел.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел и покрај препораката на Европската комисија да им се даде зелено светло на сите земји од Западниот Балкан за влез во ЕУ од 1 јули, земјите членки се договорија Македонија да добие забрана а да дозволи постепено укинување на рестрикциите само за граѓаните на Србија и Црна Гора.

Зелено светло добија и земји како Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Северна Кореа, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Според договорот списокот на земји ќе се ревидира секои две недели врз основа на епидемиолошката состојба во секоја од нив.

Тоа значи дека најмалку уште половина месец Макеоднските граѓани ќе бидат блокирани во својата земја ако сакаат да патуваат во ЕУ.

SHARE