Адеми: Чистката на Заев да почне со Анѓушев

Пратеникот на ДУИ Џеват Адеми отворено му порача на премиерот Зоран Заев операцијата  „метла“, која од оваа партија не сакаат да ја користат ни како термин, да почне од вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Загрижувачки е впечатокот, не фактот, дека вицепремиерот за економски прашања странските инвестиции ги ориентира кон централна и источна Македонија, тоа е скандалозно. Чистката на Заев треба да почне од него“, изјави Адеми.