Адеми: СДСМ на избори со повеќе кандидати Албанци

Министерот за дијаспора од редовите на СДСМ Едмонд Адеми во телевизиско гостување на ТВ21 изјави дека неговата партија за следните парламентарни избори ќе вклучи повеќе Албанци на изборните листи во споредба со претходните во 2016 година.

Во моментов СДСМ во Собранието има тројца пратеници Албанци – Мухамед Зекири, Ѓулсер Касапи и Агим Муртезани.

„Сѐ уште е рано, но сигурен сум дека на изборната листа на СДСМ за изборите на 12. април, ќе има повеќе Албанци. Кога ќе дојде времето, ќе ги објавиме“, рече министерот синоќа во телевизиското студио.

Пред изборите во 2016 голем број на етнички Албанци се приклучија во членството на СДСМ, а оваа партија благодарение на гласовите од припадниците на втората најголема етничка заедница во Македонија загуби за само околу 20.000 гласа помалку од ВМРО-ДПМНЕ и потоа фомира коалиција со ДУИ.