Адвокат на обвинет во случајот ТНТ замина на одмор

Јовица Страшевски, адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, испратил допис до Судот дека заминува на одмор од 8 до 17 јануари.

Страшевки во неколку наврати го повикуваше Судскиот совет на итна седница за пензионирање на поротничката Лилјана Ивановска Кочовска.

Судот смета дека заминувањето на одмор е уште еден обид за блокада и одолговлекување на случајот поврзан со уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

„Заради интерес на медиумите за предметот во јавноста познат како „ТНТ“ и постојаните опструкции на поединци – странки во постапката, во целост го објавуваме последниот допис кој вчера кон крајот на работното време беше доставен до судот. 

За последните случувања и обиди за одолговлекување на главната расправа насрочена за 13–ти јануари 2020 година,  судот ќе ја извести  Адвокатската комора и Судскиот совет на РСМ“, се вели во дописот од Кривичен суд.