Адвокатите на Јанева бараат да биде однесена во болница

Здравствената состојба на Катица Јанева е влошена и нејзините адвокати побарале таа дернеска да биде однесена во болницата„ Жан Митрев“, дознава Либертас од извори од судот.

За денеска, обвинителката Вилна Русковска најави дека ќе покрене обвинени за случајот „Рекет“, во кој покрај Боки 13 и Зоран Милески Кичеец, обвинета е  поранешната шефица на СЈО.

Од „Жан Митрев“, за „Либертас“ не потврдуваат дали Јанева ќе биде примена на преглед, бидејќи такви информации не споделувале со јавноста.

Специјалната јавна обвинителка од 21 август е во притвор.