Стариот објект на „Систина – Мала Богородица“ во Скопје ќе биде претворен во нова инфективна болница со сто кревети, дознава Плусинфо.

Ова било предложено на вчерашната средба на министерот за здравство Венко Филипче со сопствениците на приватните болници „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“ и за кој се очекува на утрешниот состанок да се донесе конечен став.

Во објектот ќе се обезбедат 100 кревети, а за пациентите ќе се грижат пет доктори, 30 медицински сестри, 10 болничари.

Кадарот ќе го обезбедат „Аџибадем Систина“ и Клиниката „Жан Митрев“ со по 40 отсто, а болницата „Ре-медика“ ќе учествува со 20 отсто.

SHARE