Агенцијата за електронски комуникации планира да набави 250 пенкала со светкав столб од циркони кои во малопродажба чинат околу 50 евра едно, дознава ТВ 24.
Во огласот кој бил објавен на 7-ми март и треба да се реализира на 28-ми, АЕК за репрезентативен материјал планира да потроши вкупно 29.000 евра меѓу другото и за 300 копчиња за кошула со логото на АЕК… поло-маички, чадори… 150 ранци со антишок-прегради во внатрешноста за преносен компјутер и таблет… 200 црни ташни… 200 аналогни ѕидни часовници, 200 часовници за биро… 400 држачи за телефон во автомобил, 200 звучници блутут…
Според ТВ 24, пенкалата по спецификацијата на АЕК најмногу одговараат на описот на оние кои се со „сваровски“ кристали и чинат од 2.500 до 3.150 денари.
250 вакви пенкала би чинеле до 12.000 евра или половина од планираните 29.000 евра за репрезентативен материјал за АЕК што треба да се набави до 28 март.