Претседатеката на собранието на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, Агаѝпи Дика денеска дојде во Обвинителството за организиран криминал каде е повикана да даде исказ за случајот „Рекет“.

Исказ денеска треба да даде и бизнисменот Зоран Азманов кој има поднесено кривична пријава против Бојан Јовановски за рекет. Азманов тврдеше дека Боки 13 му побарал 50 илјади евра за да не се емитува емисијата Инсајдер за бизнисменот Азманов, јавува Нова ТВ.

На покана на обвинителката Русковска пред две недели исказ даваше и Фросина Ременски која е почесен претседател на Меѓународниот сојуз, но и бизнисмените Силјан Мицески и Амзоски кој тврдат дека му исплатиле 750 односно 250 илјади евра на Боки 13 за наводна изведба на старачки домови преку Меѓународниот сојуз.