Во време на приватизацијата во 90-тите години бизнисмените од албанско потекло биле дискриминирании затоа сега е редно да се поддржат и да се стимилираат албанските инвеститори на сите нивоа, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во интервју за емисијата „Balkan Talks“ која се емитува на Еуроњус Албанија, Ахмети вели дека како што во нивната 20-годишна агенда го имале унапредување на националното албанско прашање, така го имале и напредувањето на Албанците во полето на економијата.

„ Навистина, кога овде се правеше приватизацијата во 90-тите години, по прогласувањето на независноста, Албанците беа дискриминирани и надвор од игра. Албанците не учествуваа во приватизацијата и поделбата на државните богатства. И за дваесет години колку што ги имавме во агенда движењата напред за националното прашање, исто толку имавме во агендата и тоа како Албанците да напредуваат во економски правец. Поддржувајќи ги на сите нивоа, охрабрувајќи ги и стимулирајќи ги“, рече Али Ахмети како што пренесува Вечер.

Ова, Ахмети го порачува во пресрет на најавите на премиерот Зоран Заев за приватизирање на „Македонски Пошти“, ТЕЦ „Неготино“, „Македонски Железници-Транспорт“, „Еврокомпозит“, „Колска“, македонското државно земјиште.

SHARE