Ахмети и Заев размислуваат за убиство на две муви со еден удар

Лидерот на ДУИ Ахмети во координација со владини функционери блиски на премиерот Заев разработува план со кој и ДУИ и СДСМ ќе ги надминат проблемите со кои се соочуваат иминентно и ќе ја спасат владата од изгласување недоверба.

Извори во Скопското крило на ДУИ брифираат дека на Ахмети му била предложена опција со која партијата ќе се спаси од срамот со интерпелација од свои членови да паднат министерот за надворешни работи Бујар Османи и таканаречениот прв вицепремиер Артан Груби.

Согласно планот за кој чаирското крило на ДУИ смета дека ќе ги задоволи своите барања и ќе ги ефектуира успешните резултати од изборите за нов прв вицепремиер Ахмети треба да го предложи пратеникот Изет Меџити кој предходно како што објавија медиумите се подготвуваше за интерпелација на Османи и Груби.

Во оваа комбинаторика би настрадал само актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи кој ќе мора да оди на друга пониска помалку важна државна или партиска функција или би заминал за амбасадор во Вашингтон.

Ако планот помине Артан Груби би станал вицепремиер за европски прашања а министерот Димитров за кого екс генсекот на СДСМ Кирацоски побара оставка би бил втората жртва покрај Османи.

Димитров ако со помош на две амбасади ги преживее барањата за одговорност од СДСМ би можел да се врати во МНР или би станал министер за одбрана доколку МНР го преземе Шеќеринска. И за него во игра е позиција амбасадор во земја пријател на Македонија.

Со оваа комбинаторика СДСМ пред јавноста би прикажала дека поднела каква таква одговорност која ќе биде фокусирана на Османи а Ахмети ќе ги реши внатрешните превирања и судир во партијата која може да предизвика пад на владата.

Доколку предлогот пропадне Изет Меџити заедно со уште еден пратеник од скопското крило на ДУИ можат да го спуштат бројот на пратеници поддржувачи на оваа влада од 62 на 60 со што пропаѓа коалицијата на СДСМ и ДУИ и се отвараат нови сценарија во Собранието и Владата.

SHARE