Ахмети лут зошто Албанците не биле обединети

По завршувањето на лидерската средба во Вила Водно, претседателот на ДУИ Али Ахмети гостуваше во емисијата Клик Плус на Телевизија 21 каде изрази незадоволство бидејќи, спроред него,  Албанциуте не биле обединети и неколку пати и удри со рака по масата.

Видно бесен, Ахмети потенцираше дека му е срам да оди на средби со 6 албански партии кога Македонците доаѓаат со 2, една од власта и една од опозицијата.

„Срам ми е да одам на средби со 6 различни албански делегации и да се викаме Албанци со образование, со факултет. Каков факултет имаме, какво образование имаме. Срамота е за Албанците 6 албански делегации, а само 2 македонски – една на власта и една на опозицијата. Доаѓа Беса со шестмина, затоа што не се веруваат едниот на другиот. Села со 3-4, Тачи со 2-3, Ахмети со 2-3, Острени со 2-3, ова е срамота. И ми велите дека јас сум ги навредил нив. Најдете ми го најмалиот доказ и ќе се тргнам, нема да ги понижам Албанците“, нервозно објаснуваше Ахмети.

SHARE