Ахмети на Заев: Не е владата одговорна туку ЕУ

Лидерот на ДУИ и коалиционен партнер во владата, Али Ахмети денеска имал средба со премиерот Зоран Заев а тема било недобивањето на долгоочекуваниот датум за почнување на преговори со ЕУ.

Ахмети, како што пренесуваат медиуми, на Заев му порачал дека во владата немаат никаква одговорност и дека единствената одговорност е во Европската Унија.

Тој смета дека не треба да има оставки, туку да продолжат со реформите.

SHARE