Ахмети не бил против уривање на ,,Космос” на Цановски поради раскин на коалиција

Еден од клучните сведоци за уривањето на објектот Космос на Фијат Цановски , неговиот син Сефер денеска пред суд раскажа како се обидувал да ја спаси зградата од уривање.

„Прв комшија ми беше Орце Камчев. Го замолив да не одат до најцрното сценарио. По неколку дена добив одговор од Орце дека тој бил близок со Сашо Мијалков, дека немал Сашо допирни точки со овој предмет и оти оваа работа ја координира директно тогашниот премиер Никола Груевски“, сведочел денеска Сефер Цановски, пренесува Досие.мк.

Потоа отишол да моли кај Муса Џафери и Али Ахмети да ги разубедат обвинетите Груевски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски во намерата, да го урнат „Космос“.

„Пред да доаѓаш, да ти кажам дека поради тоа што татко ти ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, а не дошол ни со ДУИ да коалицира, многу е тешко и скоро невозможно да се спречи уривањето“, му рекол Али Ахмети на Сефер Цаноски по телефон.

Целата информација на досие.мк на линкот

Али Ахмети до Сефер Цановски за “Космос”- Татко ти го напушти ВМРО-ДПМНЕ и не сте со ДУИ мора да се руши

SHARE