Ахмети прашува зошто Ел Чека не емитува бомби и за СДСМ и ВМРО (ВИДЕО)

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во Сарај, каде што се бираше претседател на локалниот партиски огранок на ДУИ , во својот ретко емотивен говор зборуваше за „бомбите“ кои ги објавува Ел Чека.

Ахмети зборуваше за селективната правда која според него се случува во Македонија. Според него македонските партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, го девалвирале целиот процес, и затоа бара веднаш ветинг, пренесува ТВ21.

„Мене ми е жал за прислушкуваните разговори што се објавуваат за ДУИ. Јас не ги слушам тие разговор. Но, како не се случи да се објават приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ? Каде се другите разговори? Зошто се објавуваат приватни разговори само од членови на ДУИ? Мислам дека нашиот народ „не јаде трева“!

Што направија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Целиот процес го девалвираа. Дури и синоќешниот настан. И, ние со време ги опоменавме дека не сакаме селективна правда.

Ние сакаме ВЕТИНГ, правдата да важи за сите исто“, рече Ахмети, пренесува ТВ21.

SHARE