Ахмети предлага избори на 5 јули!?

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го предлага 5 јули како логичен термин за одржување на изборите со што би се запазиле законските рокови, дознава Плусинфо.

Двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ официјално не отстапуваат од своите позиции – првите дека краен рок за изборно соочување е 28 јуни и вторите дека изборите треба да бидат во август или во септември.

„Согласно околностите и очекувањата на граѓаните, но и на нашите меѓународни сојузници кои очекуваат кредибилно демократско избрани и одговорни институции, краен логичен термин за можно одржување на изборите би бил 5 јули. Тоа овозможува запазување на сите законски рокови за спроведување на изборниот процес“ – велат за Плусинфо од ДУИ.

Според интегративците, за јулски избори би биле СДСМ, Беса, ДПА а ќе треба да се убедат ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците.

Вчера и вршителот на должност премиер на Косово, Албин Курти, го спомена јули како месец кога ќе се одржат изборите во Македонија.

SHARE