Ахмети со два датуми за избори на лидерската средба

Извори во ДУИ брифираат дека лидерот на партијата Али Ахмети е за избори или јули или октомври

Според најавите претставниците на ДУИ на лидерската средба заминале со понуда од две опции.

Едниот датум е 5 јули доколку тоа го дозволуваат здравствените услови а доколку не е можно поради опасност од новозаболени и мртви изборите да се одржат во првата недела од октомври.

Се очекува оваа позиција партијата да ја објави официјално по средбата кај претседателот.

SHARE