Ахмети: Заев едно зборува по две чашки ракија во кафеана, а друго пред мене!

На зачестените изјави од својот коалициски партнер во власта Зоран Заев дека време е ДУИ да оди во опозиција, лидерот на интегративците Али Ахмети со шокантна реплика од Албанија.

„Заев овие изјави ги дава во кафеана кога ќе испие две чаши ракија, а кога е со мене зборува поинаку. Јас не сум таков едно да зборувам наутро, а друго попладне. За нас е подобро да победиме сегашниот партнер, но, сепак, граѓаните одлучуваат“, изјави Ахмети за албанската телевизија Сири, додавајќи: „Но, таков е Заев, дава такви изјави. Јас не сум таков“.

Претседателот на ДУИ смета дека двете најголеми македонски партии на претстојните парламентарни избори ќе бидат многу блиски со резултатите и оти може да се повтори ситуацијата од пред четири години (ВМРО-ДПМНЕ освои две места повеќе од СДСМ – н.з.).

На констатацијата од новинарот Чим Пека дека партијата на Заев тогаш доби 70.000 гласови од Албанците, Ахмети со одговор: „Не мислам дека имаше 70.000. Имаше 20.000-27.000“.

SHARE